Нема да ви биде лесно, но можете да го сторите тоа!
Нема да ви ветиме дека овие совети ќе ви ја ублажат болката, но сигурни сме дека полесно ќе го преболите раскинувањето ако ги следите…
1. Плачете – колку што ви е потребно! Тоа не го прават слабаците туку силните луѓе
2. Прекинете го контактот – повиците, пораките, социјалните мрежи…
3. Не се обидувајте да останете пријатели – ќе ви биде многу потешко
4. Ослободете се од потсетниците – сликите, пораките, сувенирите од врската…
5. Престанете да анализирате и да се самосожалувате – само ќе ја продолжите вашата агонија
6. Бидете активни – ако не станувате од кревет, само ќе ги влошите работите
7. Искористете ја вашата слобода – сигурно има работи што претходно не сте можеле да ги направите
8. Сетете се на неговите маани – сигурно има само една
9. Опкружете се со забавни луѓе – со оние кои веќе ги познавате, како и нови луѓе
10. Размислете за новите можности – секој крај е почеток на нешто, а можностите се насекаде
И запомнете – ќе успеете да преболите некого единствено ако сами се обидете да го сторите тоа!
Извор : Убавина&Здравје.мк