Категории

Како да го уредите работното катче во домот

k

Важно е работата да ја извршуваме во среден и функционален простор. Од таа причина ви нудиме неколку совети како да ја средите “канцеларијата“ во вашиот дом.

Најлесен начин сметките и документите да не бидат расфрлани по домот е да набавите неколку украсни кутии во кои ќе ги чувате. Бирајте бои и дезени кои ќе се вклопат во вашиот дом, а можете и да ги редите една над друга за да добиете повеќе простор.

На ѕидот можете да прицврстите корпи и во нив да ги складирате сите оние ситници кои ви се потребни при рака како на пример покани, визит картички, известувања и слично…

За да не се разлетуваат на секаде низ домот потсетниците и мотивационите пораки набавете мемо-плоча. Така секогаш пред очи ќе ви биде се она што треба да го завршите во текот на денот, а можете да ја користите и за спомени од патувања, одмори и други пријатни моменти.

Важно е приборот како пенкала, маркери, спајалици, селотејп и слично да не е расфрлан по работната маса. Декоративните држачи ќе ви се најдат за да ви биде се при рака и да не губите време во превртување на фиоките и барање на она што ви треба.

Ако немате пари за нова работна маса може да искористите и некоја стара комода. Офарбајте ја во саканата боја, извадете ги долните полици за да можете да вметнете столче, а горните полици наполнете ги со книги и сите оние ситници кои ви се потребни додека работите.

Прегледи:
567
Објавено на:
18.04.2016