Категории

Како да го уредите својот балкон

# Тематски уреден балкон

Најдете некој мотив кој ќе го има во сте елементи на балконот, од цвеќе па се до бои и стил на одбраниот мебел.

Ако на пример изберете морнарски стил, наместо тенда ставете стари материјали кои ќе наликуваат на едра, а за украси можете да користите школки и камчиња. За да имате и мирис кој ќе ве потсетува на море, засадете рузмарин или босилек кој ќе ве потсетува на медитеранот.

# Шармантна едноставност

Ако не сте дама која сака многу билки и цвеќиња, туку ја сакате едноставноста одлучете се необичен дизајн на масата и столчињата.
За да го зазелените просторот мебелот нека биде во темно зелена боја. Дополнителна топлина ќе дадете ако ставите дрвени подови.

# Модерен минималистички балкон

Овој тип на балкон не трпи премногу детали и бои. Материјалите како дрво, метал и стакло сфатете ги како императив.
Можеби нема да постигнете топлина како кај ретро уредувањето но секако ќе имате елеганција и едноставност.
Ставете барем една саксија со некое цвеќе кое не бара многу внимание и по некое едноставно перниче и миризлива свеќа.

 

1 2

Прегледи:
1473
Објавено на:
11.04.2016