Категории

КАКО ДА ИЗБЕГАТЕ ОД ЛОШ СОСТАНОК СПОРЕД ЗОДИЈАКОТ

Животот е премногу краток за да го трошите на лоши состаноци, па едноставно треба да бидете храбри за да ставите точка и да си одите дома на утешна чаша вино и добро филмче. Проверете кој хороскопски знак како се спасува во таква ситуација.

Овенот директно вели, „Ова не функционира“, ја плаќа сметката и си оди.

Бикот го нарачува најскапото нешто во менито, се концентрира на храната и потоа тврди дека има итна семејна ситуација пред десертот.

Близнаците предлагаат да одите на друго место со повеќе луѓе, каде што почнуваат разговор со други луѓе додека тој што е со нив не се изнервира и не си оди.

Ракот се затвора во себе, едвај промрморува да-не одговори, избегнува да ве гледа в очи, и на крај си заминува под изговор дека не се чувствува добро.

Лавот го пренасочува состанокот во кино, гласен ноќен клуб или место со жива музика, односно прави се за да не мора да разговара и да се забавува на друг начин.

Девицата почнува да испитува и досадува со незгодни лични прашања за да ја разбие секоја привлечност и да го исфрли од колосек партнерот.

Вагата останува неудобно долго време зашто е непристојно да се заврши состанок рано, но ги игнорира сите повици кои ќе уследат во наредните денови додека другата личност не ја сфати пораката.

Скорпијата зборува за тоа што ја возбудува и опишува квалитети кои се спротивни на она што го нуди човекот со кого е излезена.

Стрелецот почнува политичка дебата, дозволува да се вжешти и потоа има легитимен изговор да избега.

 Јарецот се преправа дека добил итно е-писмо од работа, заминува нагло – и навистина оди на работа да си доврши некој проект.

Водолијата започнува идеолошка дебата за недостатоците на архаичниот принцип на моногамија.

Рибите прифаќаат повик од пријател кој драматизира, и остануваат надвор додека зборуваат се дури нивниот придужник не реши да си оди.

Прегледи:
377
Објавено на:
03.06.2016