Категории

Како да избегнете прејадување? – Користете го овој совет на нутриционистите

Не е важно што и кога јадете, ако следите едно едноставно правило, има малку шанси да се здебелите.

Диететичарката Кристин Киркпатрик го опиша правилото во следната реченица: „Престанете да јадете кога веќе не сте гладни, а не кога сте целосно сити и веќе не можете да вкусите ништо“. Првото нешто што нејзините зборови ни сугерираат е да не јадеме кога не сме гладни. „Пациентите редовно ми кажуваат како консумираат храна навечер, откако веќе вечерале“, вели Кристин. Таа верува дека луѓето не јадат во овој период затоа што се премногу гладни или мислат дека ќе им олесни да заспијат, но пред се од досада.

Нејзиниот совет е да направите скала од 1 до 10. Првиот број на таа скала ја претставува бројката кога сме сериозно гладни, додека последниот претставува целосна ситост. Кристин препорачува да јадеме во моменти кога нашиот глад е на нивоа 2 и 3, и да престанеме да јадеме кога ситоста е на ниво 7.

„Не сакате да прејадете, но не сакате ниту да останете гладни. Клучно е да знаете кога да застанете. Ако, на пример, ви е преку глава од предјадење во ресторан, би било подобро да ги замолите да спакуват веќе нарачано главно јадење, отколку да го јадат само затоа што се очекува од вас “, советува Кристин.

Прегледи:
465
Објавено на:
22.07.2021