Бронзениот тен колку што е атрактивен толку умее и да стане вистински проблем доколку не водите соодветна нега на кожата после сончањето.
Сонцето е главниот причинител на хиперпигментацијата како и темните дамки на кожата. За да го избегнете нивното настанување за почеток користете препарати со заштитен фактор 30 или 50+. Избегнувајте сончање во најкритичниот период од денот помеѓу 11 и 16 часот.
Се препорачува користење на козметички препарати кои содржат витамин Ц, витамин А и витамин B3. На кожата на лицето користете креми со хијалуронски киселини. За полесно поднесување на високите температури нутриционистите препорачуваат пиење на природен сок од целер.