Категории

Како да ја освежите гардеробата без да потрошите пари?

Доаѓањето на пролетниот период на многумина од нас значи промена на она што го носиме…

Наместо пополнување на гардеробата со нови работи на што ќе потрошите многу пари, би ве советувале нешто друго. Подолу можете да дознаете како да го освежите вашиот шкаф без трошење на пари и загадување на животната средина:

ИСКОРИСТЕТЕ ГО ГАРДЕРОБЕРОТ НА ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ
Ние избираме пријатели врз основа на нивните доблести, а понекогаш тоа е И доблестА на облеката што ја имаат и несебично ни ја даваат. Како и тебе, тие сигурно имаат облека што повеќе не ја носат. Соберете ги вашите пријатели, изберете датум и дозволете секој да донесе вреќа облека и едноставно да се замените. Вие нема да потрошите пари, но ќе бидете со освеженна гардероба.

ИСКОРИСТЕТЕ ГАРДЕРОБЕР НА НЕКОИ СТРАНЦИ
Дали знаете што е подобро од промена на облеката со вашите пријатели? Тргување со странци. Можете да најдете шик облека и да заработите пари. Продадете стара облека која е во добра состојба и најдете носена облека што некој друг ја продава по поволна цена. Ова е одличен начин да се ослободите од старата облека, да добиете нова, а притоа да не и помагате на индустријата која се движи брзо и да не ја загадувате животната средина.

Прегледи:
428
Објавено на:
31.03.2018