Категории

Како да ја спречите НЕВЕРНОСТА кај партнерот

Следете ги овие совети..

1.Никогаш немојте да заборавите дека сте на иста страна. Кога ќе наидете на препрека во вашиот однос, целта не е да го надјачате вашиот партнер, туку заедно да ја преминете препеката.

2.Вашата врска нека ви биде приоритет. Врската или бракот не ја осигуруваат среќата сама по себе, потребен е многу труд за да ја одржите во живот. Градете поврзаност, затоа што силната поврзаност меѓу вас ги спречува шансите да бидете изневерени.

3.Секогаш зборувајте позитивно за вашата врска и користете „ние“ наместо „јас“. На пример „планираме да купиме поголем стан и да се преселиме“, а не „планирам да купам..“ Морате и кај себеси и кај партнерот да изградите чувство дека вие сте тим.

4.Искреноста е најдобрата политика. Бидете искрени дури и кога сте му лути на партнерот

5.Покажувајте му на партнерот секојдневно колку го цените

6.Барем еден ден во неделата дружете се малку повеќе. Можете да одредите еден ден во неделата наменет за разговор во врска со вашиот однос, здравата комуникација е важна за функционирањето на врската. Разговарајте и кога сте задоволни за нешто и кога не сте.

7.Бидете прво пријатели. Разговарајте со пријателот за мислите и желбите. Ако постои дупка во вашето пријателство тогаш ќе побарате треба личност која ќе може да ја пополни.

8.Многу мислат дека кога еднаш ќе се венчаат, никогап веќе нема да ги привлекуваат други личност. Во реалноста, вие сте ожените а не мртви. Вие и понатаму ќе бидете привлечна личност и ќе привлекувате згодни луѓе. Но тоа не значи дека треба да размислувате за нив. Признајте си себеси „таа личност е привлечна“ и продолжете понатаму, без размислување што би можело да биде.

10.Немојте да го игнорирате однесувањето кое не го сакате кај вашиот партнер,но сконцентрирајте се и на ова што ви се допаѓа.

11.Обрнете внимание на вашито партнер, немојте да го земате здраво за готово. Тоа може да се покаже во еднсотавните нешта како комуникацијата, присутноста, сочувствувањето, емпатијата, активната заинтересираност, планирањата и заедничките активности.

12.Имајте доверба во вашиот партнер. Недовербата резултира со постојано проверување на позивите, мејловите, шпиунирање и опсесивно контролирање, со кој се дружи и каде оди. Таквата ситуација побрзо ќе донесе неверство.

Прегледи:
324
Објавено на:
18.10.2019