Кажувањето „не“ за работи коишто не ги сакате не е лесно, особено кога немате срце да одбиете нешто.
Сепак, во животот важно е да научите да го искажувате она што искрено го чувствувате бидејќи никој нема да Ви помогне ако не си помогнете самите на себе.
Еве неколку навики коишто е важно да ги стекнете:
- Размислете убаво која е причината за Вашето „не“. Фокусирајте се на позитивните работи коишто ќе се случат доколку го изговорите тој збор кога најмногу чувствувате дека треба да го изговорите.
- Љубезно одбијте ја понудата којашто не Ви се допаѓа. На тој начин им олеснувате и на тие коишто сакаат нешто да прифатите.
- Набљудувајте како се чувствувате откако ќе одбиете нешто. На тој начин ќе дознаете дали сте донеле правилна одлука.