Категории

Како да направите домашен тоник за лице

Тоникот за лице е одличен производ кој ја освежува и смирува кожата после вадењето на шминката, а доколку не сакате да купувате уште еден дополнителен производ ние ви претставуваме специјален рецепт за како сами да направите тоник од ружи кој ќе го обожавате.
Водата од ружи е познат природен производ кој се користел за нега на лицето уште во стари времиња, се верува дека тоа е тајната на егзотичните арапски убавици. Овој тоник ќе ви помогне да го отстраните вишокот себум од лицето и да го смирите црвенилото, а тој исто така помага и при хиперпигментација. Овој тоник е особено нежен и соодветен за сите типови на кожа, а неговата припрема е доста едноставна. Погледнете го видеото подолу каде чекор по чекор е објаснето како да го подготвите сами..

Прегледи:
822
Објавено на:
30.04.2017