Категории

Како да носите бело сако?

Сакоата или според модната терминологија наречени ‘блејзери’ се задолжително парче од гардеробата на секоја жена. Црниот блејзер е апсолутен must have, додека покрај класичната црна боја која ќе ви одговара со буквално се, исто така задолжително е да поседувате и еден во бела боја. Белите блејзери се идеално парче за пролет и лето, всушност тие можат да се носат во секое годишно време но поради тоа што полека се збогуваме со зимата, пролетта која ни претстои е идеално време за да го носите.

Тој изгледа совршено во било каква комбинација, велерна елегантна, дневна опуштена и деловна.. Можете да го носите со вашите омилени тесни фармерки, широки панталони, кошули и здолништа. Во галеријата ви споделуваме неколку стилски комбинации кои ќе ви послужат како инспирација како да го комбинирате белиот блејзер кој е вистински поим за елеганција и софистицираност па затоа со децении тој е омиленото парче на сите модерни тренд жени.

Прегледи:
3040
Објавено на:
17.03.2017