Категории

Како да носите мат кармин без да ви ги исуши усните

Иако сјаевите полека се враќаат во мода, мат кармините и понатаму се избор број еден кога се во прашање усните. Сите кои ги сакаат, знаат дека овие кармини се се’ само не едноставни за користење поради тоа што умеат да ги исушат усните, а за таа цел ние ви откриваме 5 чекори кои ќе ви помогнат да го избегнете тоа.

Мат кармините се одличен избор поради тоа што се доста јако пигментирани и даваат целосна еднаква покривност, но по неколку часа носење на усните можат да изгледаат многу лошо. Ако усните ви се сушат под карминот тогаш сигурно не сте ги знаеле овие чекори кои го спречуваат тоа.

Чекор број 1: Натопете мека крпа со топка вода и со неа направете пилинг на усните. Со мокриот дел нежно истријте ги усните како би ја отстраниле вишокот мртви клетки од кожата, и ќе ги отстраните лушпите кои прават мат карминот да изгледа неубаво.
Чекор број 2: Нанесете дебел слој на балзам за усни и започнете со шминкањето на остатокот на вашето лице. Така ќе им дадете време на вашите усни да ја добијат потребната хидратација пред да завршите со целосната шминка и да го нанесете карминот.


Чекор број 3: После балзамот следи прајмер за усни. Овој чекор е доста важен па немојте да го избегнување, затоа што иако можеби ви изгледа непотребно тој всушност ја прави главната разлика. Прајмерот ќе ги пополни ситните неправилности на усните и ќе ја израмни нивната површина што ќе спречи карминот да се собира во малите „брчки“ на усните.
Чекор број 4: Сега веќе дојде време за нанесување на карминот. Ако користите течна врзија, нанесете тенок слој затоа што доколку нанесете два слоја, би можеле да се создадат грутчиња. Доколку користите класичен мат кармин, нанесете го исто така во тенок слој но внимавајте сите делови на усните да се рамномерно прекриени. Не заборавајте да користите и молив за усни во иста боја со цел карминот да изгледа прецизно на рабовите.


Чекор број 5: Доколку погрешите при нанесувањето, грешката исправете ја со малку коректор и прецизна четка за усни. Коректорот ќе ви даде дополнителна прецисност и ќе створи бариера помеѓу рабовите на усните и кожата, што ќе спречи карминот да се разлее. Откако ќе ги поправите грешките, спремни сте повеќе од неколку часа беспрекорно да го носите мат карминот!

Прегледи:
465
Објавено на:
29.03.2017