Категории

Како да носите здолниште во зима

Во текот на зимата, здолништата можеме да ги носеме на многу начини. Со џемпери, кошули, јакни и капути. Покрај плишот кој моментално владее со улиците на светските модни метрополи, оваа сезона особен тренд станаа оние од лакована кожа во нијанси на црна и црвена. Во мода се исто така и волнените миди карирани здолништа. Дизајнерите ги комбинираат со кошули и чизми со платформа, тие исто така ги предложиваат здолништата од жакард и сомот. Street style ѕвездите веднаш ги прифатија трендовите. Стилистите, блогерките и моделите носат краки и миди кожни здолништа со џемпери или дуксери. Подеднакво популарни се и спортските здолништа. Погледнете..

Прегледи:
810
Објавено на:
08.01.2017