Категории

Како да останете фокусирани доколку работите од дома?

Многу компании се повеќе и повеќе им даваат можност на своите вработени да работат или од канцеларија или од дома.

Оние кои се решаваат да работат од дома, имаат повеќе слобода и не се под притисок да стигнат на време на работното место. Тие имаат повеќе слобода, можат во секое време да го испијат своето кафе, или пак, да одговорат на телефонскиот повик.

Но, од друга страна, сета таа слобода може да влијае на продуктивноста. Затоа потребно е да ги следите следниве правила  за да можете да останете фокусирани на работата:

Отстранете ги нештата што ви го одвлекуваат вниманието

Социјалните мрежи дефинитивно е првата причина поради која многу луѓе го губат фокусот. Затоа, најубаво е да го исклучите телефонот во моментите кога не треба да ни го одвлекува вниманието, или пак едноставно, исклучете го интернетот.

Одберете ја музиката

Многу често музиката го менува расположението додека работите. Затоа, одберете музика која ќе ве држи позитивни и која ќе го подобри расположението.

Направете распоред и држете се до него

Многу е важно е да го организирате времето. Направете распоред и држете се до него. Без разлика дали ќе работите 8 часа без прекин или пак ќе ги поделите обврските во текот на денот, важно е времето за работа да го посветите само на работата.

 

Прегледи:
433
Објавено на:
11.01.2018