Категории

Како да освоите маж со хороскопски знак Овен?!

Дали мислите дека може да се борите со огнен темперамент и да му вратите на оган со оган? За да се подготвите добро, еве неколку совети како може да освоите маж во знакот на Овен.

Овој човек ужива во сексот и првиот начин на кој ќе биде заведен е да сте провокативна и секси. Тој сака црвена боја , па користите ја за ваша корист. Освен тоа, учете трикови како може да го заведите во било која ситуација. Ако сакате да го задржите Овенот, треба да знаете како да му парирате.

Она што овој хороскопски знак не сака во љубовта е едноличноста и досадата. Треба да бидете авантуристички дух и да бидете подготвени за различни изненадувања.

Овенот не е недостапен човек. Напротив, тој е отворен и сака дружење и разговор и лесно може да му пријдете. Како ќе го задржите неговото внимание, тоа е друга приказна. Авантуристичкиот дух, предизвиците, промените, акцијата, па дури и тенденцијата да се расправате за нешто важно за вас и вашиот став, е она што ќе го задржи неговото внимание. Сепак, бидете нежни. Не му е потребен придружник сличен на него. Покажете во сето ова и малку женственост!

Кога зборуваме за женственост, меката и мазна кожа игра важна улога. Ако сакате овој човек да биде ваш, ќе мора да се потрудите околу себе! За почеток, да се збогувате со целулитот!

Иако сака да размени мислење, Овенот не трпи критика на неговата сметка, па бидете внимателни да не ги повредите неговите идеи и намери во текот на дискусијата.

Прегледи:
1923
Објавено на:
23.03.2018