Категории

Како да постигнете долги и густи ТРЕПКИ

Сон на секоја дама се долгите волуменозни и густи трепки. Секако тоа се постигнува со неколку слоеви на неколку различни видови маскари, но секако поентата не е во тоа.

Постојат многу производи кои можат да направат вашите трепки да пораснат и да добијат густина, а тие препарати ни се добро познати.

За да постигнете одлични резултати потребно е да бидете упорни и редовни со вашата рутина т.е. секој ден да нанесувате од препаратите. Резултатите можат да се видат во рок од 3-4 недели. Ова се едни од најпознатите домашни начини кои можат да ви овозможат прекрасни долги и густи трепки.

Масло од рицинус – едно од најпознатите домашни лекови кој го поттикнува растот на влакната. Нанесувајте со чисто четче од маскара секоја вечер пред спиење од коренот до врвовите на вашите трепки, резултатите се воодушевувачки.

Маслиново масло – исто како и рицинусовото, за подобри резултати можете да направите микс од овке две масла и да го нанесувате секоја вечер пред спиење. Маслиновото масло содржи витамин Е кој дополнително ќе ги зацврсти и згусни вашите трепки.

Алое вера – таа ќе ги одржува вашите трепки здрави и меки. Нанесувајте секој ден и оставете неколку часа а потоа исплакнете со млака вода.

Избегнувајте виткач за трепки – и колку да ви се чини невозможно, не употребувајте виткач доколку сакате да имате природно убави и долги трепки. Со превиткувањето тој умее да ги поткршува влакната кои со тек на време стануваат се покревки а тоа доаѓа до нивно отпаѓање и кинење.

Прегледи:
571
Објавено на:
14.12.2017