Категории

Како да препознаете дали вашиот партнер глуми оргазам?

Не глумат само жените оргазам, постојат и мажи кои го прават тоа од страв да не предизвикаат гнев кај жената. Вакви ситуации се случуваат и тоа не треба да ве загрижува.

Причините за тоа се различни: сексот трае предолго, веќе не можел да ја задржи возбудата, изгубил волја или настапил заморот. Сепак, доколку се сомневате дека вашиот партнер шестопати го лажира оргазмот, еве како да проверите дали навистина е така.

 

Како им успева?

Мажите се обидуваат да одглумат оргазам со „звучни сигнали“ , тешко и забрзано дишење, силно напнување на телото по кое следи опуштање. Посебно ако имаат кондом, за жените е тешко да забележат дали дошло до изливање на семето. Со брзо вадење и фрлање на кондомот мажот ја спречува можноста жената да ја дознаае вистината.

Како може да дознаете дали глуми?

Нежно допирајте го по неговото посебно чувствително место. По оргазмот мажот е исклучително осетлив на допири, скокотлив и лесно може да се наежи. Ако не реагира на тие допири, можно е да не доживеал оргазам.

Што да направите доколку сфатите дека глуми?

Тоа секогаш зависи од тоа во каква врска сте со љубовникот. Ако станувало збор за секс за една ноќ, тогаш не се исплати долго да се зборува за тоа. Меѓутоа, ако сте во долга врска, тогаш е важно да дознаете зошто одглумил оргазам и колку често го прави тоа. Можеби има некои желби кои со задоволство би ги поделил со вас или пак, се наоѓа под голем стрес. Бидете искрени со партнерот и кажете му дека го разбирате и дека сте тука за него. На тој начин на својата врска и сексуалниот живот ќе им дадете сосема нова, можеби и возбудлива насока.