Постојат неколку знаци додека водите разговор кои ќе ви помогнат да сфатите дека другата страна се обидува да ве излаже.
Покажуваат знаци на нервоза
Еден од начините да забележите дека некој ве лаже е според неговото однесување. Знаците на нервоза кои укажуваат дека некој лаже се гребење, трепкање или пак тресење.
Избегнуваат одредени зборови
Лажговците избегнуваат да ги употребуваат зборовите „јас“ или пак „мој/а“.
Ретко кога го гледаат соговорникот во очи при разговор
Тоа е така бидејќи се плашат од помислата дека лагата ќе се препознае во нивните очи.
Ретко се насмевнуваат
Лажговците се трудат да имаат вкочанет израз на лицето за да ги скријат своите вистински емоции.
Имаат одговор за се
Лажговците веќе ја имаат повторено лагата повеќе пати, па така имаат и смислени одговори за очекуваните прашања. Може да ги изненадите така што ќе им поставите некое сосема неочекувано прашање.
Лесно се навредуваат
Доколку инсистирате да се држите до темата, оној кој ве лаже може да се навреди, па дури и да стане бесен.
Инсистираат да ве убедат дека ја зборуваат вистината
Тие се подготвени дури и да се заколнат дека ја зборуваат вистината, а луѓето кои не лажат немаат потреба на таков начин да ја убедат другата страна во своите зборови и постапки.