Британскиот сервис BBC објави интересена сторија под наслов: „Како да превезете носорог тежок 1,5 тони во авион?“, посветена на Лес Карлајл, проект менаџер на групата за зачувување на овие животни, наречена „Rhinos Without Borders“ (носорози без граници).
„Под негово водство, 12 бели носорози ја напуштија родната Јужна Африка за нов живот во земја во непосредна близина, како дел од проектот за спречување на недозволен лов“, се вели во сторијата на BBC.
Ѕверовите поминале 15 часа во камион, авион и хеликоптер во транспортот од забавниот парк во Квазулу Натал, на источниот брег на Јужна Африка, кон новата локација која BBC не ја именува poradi нивна заштита.
„Ние им испративме е-маил со дозвола за бординг (пропусница за качување во авионот) и број на седиште, а потоа трчавме како луди,“ изјави Карлајл со насмевка.
Но сепак, вистината била малку поразлична. Непосредено пред да бидат качени во авион, животните морало да бидат имобилизираат, потоа да се успијат, да им се врзат очите и да им се стави чепчиња во ушите.
И на крајот полека им се вбризгува контра-седатив, доволна доза за да можат да застанат. Тие се чудно координирани во таа фаза – потоа им се стави круг јаже околу главите и полека се влечат во кафез.
“Тие мора сами да се движат бидејќи се многу тешки. Ние не можеме да движиме еден тон заспано месо”, велат луѓето задолжени за транспорт.
„Носорозите треба да бидат зашеметени, но да бидат будни во текот на летот за да можат да ги движат нозете и да го регулираат дишењето“, велат конзерваторите и додаваат дека може да дојде до несакани проблеми при долги летови.
Ако лежат предолго со врзани нозе, имајќи ја предвид огромната тежина како и многуте игли, тоа ја ограничува циркулацијата, што може да доведе до дисфункција на ногата, односно животното нема да може да користи една или повеќе нозе.