Категории

Како да се биде среќен: Животните лекции од најголемите умови

Големите филозофи како Сократ, Ниче, Сенека мудро говореле за среќата и за тоа како најлесно да се стане среќен.

Бертранд Расел

„Од сите форми на внимателност, внимателноста во љубовта е можеби најфатална за вистинската среќа“.

Не е вообичаено некој како Расел, љубител на математиката, науката и логиката, да се занимава со нешто толку минливо, како што е среќата. Но неговата идеја дека среќата може да се најде во предавање на чувствувата на љубовта навистина укажува на вистинитост, а современата наука е изгледа на негова страна.

Фридрих Ниче

„Среќата е чувство дека моќта се зголемува – дека отпорот е надминат“.

За еден нихилист како Ниче, среќата е некој вид на контрола, која личноста ја има врз својата околина. Овој германски филозоф често пишувал за влијанието кое моќта (или недостигот на моќ) може да го има врз човечките искуства.

Џон Стјуарт Мил

„Научив да ја барам својата среќа, со тоа што ги ограничив своите желби, пред да се обидам да ги задоволам“.

Таткото на либерализмот, Мил е можеби и најважна фигура од таа страна на историјата. Тој ја ширел својата идеја за слободата секаде каде што можел. Кога станува збор за среќата тој ја усвоил мудроста на старите Грци. Наместо да го преплави својот живот со добра, Мил верувал во утилитаризам. Верувал во користењето на работите, само ако имаат цел, ако не ги отфрлал од својот живот.

Сократ

„Клучот на среќата не е во трагањето по нешто вечно, туку во развивањето на можност за уживање во малите работи“.

За Сократ, еден од најголемите древни мислители, среќата не лежи во надворешните награди и пофалби, туки доаѓа од приватниот, внатрешен успех, кои луѓето си го подарила самите на себе. Кога ќе ги тргнеме нашите потреби, ќе научиме да ги вреднуваме поедноставните задоволства.

Конфучие

„Колку повеќе човекот се насочува и размислува на добри мисли, подобар ќе биде неговиот свет и светот во целина“.

Оваа реченица на Конфучие е пренесувана низ историјата во различни контексти, во книгите како „Моќта на позитивното мислење“, но и во неодамнешните истражувања на когнитивното однесување, кое им помогна на луѓето да ја пронајдат врската меѓу своите мисли, чувства и однесување. Според Конфучие, среќата е последица на самоисполнувањето, која се зголемува со пронаоѓање на подлабоките причините за нашето постоење.

Сенека

„Најголем благослов за човештото се наоѓа во нас и ни е на дофат на рацете“.

Мудриот човек е задоволен од својата судбина, каква и да е, без желби за нешто што не е.

Лао Це

– Ако сте депресивни, живеете во минатото. Ако сте анксизони живеете во иднната. Ако сте во мир, живеете во сегашноста“.

Некои истражувања покажуваат дека луѓето се најсреќни кога прават нешто за кое е потребно да го фокусираат целото нивно внимание: добар разговор, креативни активности или секс.

Киркегор

„Животот не е проблем, кој треба да се реши, туку стварност која треба да се искуси“.

Киркегор смета дека среќата произлегува од целосната присутност во моментот, уживањето во него. Кога ќе престанеме да ги претвораме околностите во проблеми и ќе почнеме да размислуваме за нив како за искуства, од нив можеме да извлечеме заодоволство.

Хенри Дејвид Торо

„Среќата е како пеперутка, колку повеќе ја бркаш, толку повеќе ти бега. Но ако го насочиш вниманието на други работи, таа ќе дојде и ќе застане на твоето рамо“.

Прегледи:
401
Ознаки:
· ·
Објавено на:
23.01.2017