Категории

Како да се ослободите засекогаш од мравките во домот?

Мравките се инсекти кои секако заслужуваат внимание: тие се интелигентни, живеат речиси насекаде, комуницираат со помош на фермони и поделени се на касти во своите колонии. За нив се напишани дури и книги! Но, кога ќе ги видиме во домот, тие воопшто не нѐ радуваат и го нарушуваат домашниот мир.

Најдобро е да се ослободите од нив без присуство на штетни хемикалии, особено ако во домот имате деца или миленичиња.

За среќа, постојат многу начини како да се ослободите од мравките на природен начин, а еден од нив е особено ефикасен.

За да го подготвите своето „оружје“ против мравките, потребно ви е етерично масло од каранфил. Инаку, ова масло се користи и како природен инсектицид и репелент (од него бегаат и комарците, мувите, жолтите мравки, бубашвабите итн.)

40 капки масло од каранфил разредете ги со 200 мл вода. Растворот ставете го во шише со распрскувач, добро промешајте пред употреба и напрскајте ги сите отвори каде што влегуваат мравки.

Оваа постапка повторувајте ја еднаш на секои 3 денови. Непожелните гости наскоро ќе ја напуштат вашата куќа засекогаш.