Категории

Како да се разладите и без клима

Климата колку што нè спасува од горештините и за момент прави да се чувствуваме пријатно и удобно, толку знае и да биде штетна по некое време и да предизвика здравствени проблеми.

Покрај тоа, разладувањето со клима може и многу скапо да чини. Затоа подобро е да најдете поевтина замена за разладување.

1. Доколку имате стар вентилатор поставете пред него широк но плиток сад, како плех и ставете коцки мраз. Така воздухот кој поминува низ вентилаторот ќе биде поладен од воздухот во собата, а неговата свежина ќе трае додека не се стопи мразот.

2. Наместо плех со коцки мраз може да ставите и замрзнати шишиња со вода.

3. Во пешкир ставете коцки мраз, свиткајте го во ролна, така што мразот да остане внатре во пешкирот и заврзете го меѓу две столици.

Вентилаторот насочете го кон пешкирот за да го разладите воздухот. Кај ваквото разладување, поради растопувањето на мразот, потребно е да ставите еден празен сад под пешкирот.

Прегледи:
426
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
07.08.2017