Категории

Како да се шминкате во зависност од хороскопскиот знак

ВАГА

vagaВагите ги разубавуваат светло сините нијанси. Светло сината боја е симбол на нежност, убавина и рамнотежа. Основа е на мир и хармонија, а на вас ќе ви даде инспирација да бидете силни и одлучни.

Боја: зелена, бејби сина, шампањ, розе, виолетова.

Руменило: светло розе бојата ќе ја истакне вашата прекрасна природа.

Сенка за очи: смарагдно зелена за да ја покажете вашата рамнотежа.

Кармин: нежни нијанси на беж или розова боја.

Креон: темно маслинесто зелена.

Боја која треба да ја избегнувате: темно кафената.

ШКОРПИЈА

skorpijaНа шкорпиите им прилега бојата на вишна. На оваа нијанса и се препишува длабочина, сила и љубов. Ќе ви помогне да тргнете понатаму во тешките периоди во животот.  Доколку очите ги исцртате со нијанса на боја на вишна ќе ја зголемите постојаноста и ќе го подобрите увидот во реалноста.

Боја: црна, темно црвена, костен боја и виолетова.

Руменило: боја на вишна ќе го подобри вашиот изглед.

Сенка за очи: нијанси на пурпурна.

Креон: темно виолетов.

Бои кои треба да ги избегнувате: премногу јарки бои.

СТРЕЛЕЦ

strelecСтрелците ќе го добијат својот сјај во сино сивата боја. Идеална нијанса на сенка за овој знак е комбинација на сина и сива. Се смета дека ги поттикнува мудроста и оптимизмот. Тоа е комбинација на бои кои ја нагласуваат толеранцијата и разбирањето при соочувањето со различни ставови.

Боја: виолетова, сина, темно црвена, зелена, црвена и бела.

Руменило: боја на вишна.

Сенка за очи: електрично сина.

Кармин: виолетова.

Креон: црн со сјајни виолетови честички.

Боја која треба да се избегнува: жолта и портокалова.

ЈАРЕЦ

jarecЈарецот треба да користи земјени нијанси. Земјените тонови се симбол за логика, разум и одлучност. Ќе ви помогнат да се чувствувате стабилно и одговорно, а ако нанесете некој од овие тонови на очните капаци тие ќе ја поттикнат и практичноста во вас.

Боја: бор зелена, беж, црна, кафена и маслинеста.

Руменило: бронзено.

Сенка за очи: темно зелена, беж и маслинеста.

Кармин: браон со златни честички.

Креон: црн.

Бои кои треба да ги избегнувате: сите нијанси на сино.

ВОДОЛИЈА

vodolijaНа водолијата најдобро и прилега виолетовата. Виолетовите нијанси будат хумани квалитети и љубезност. Ако ги носите овие нијанси смислата за заедништво ќе ги подобри вашите пријателски односи, особено ако ги прекинувате односите со некого или вртите нова страна во животот.

Боја: електрично сина, тиркизна, виолетова.

Руменило: нежно виолетова.

Сенка за очи: сјајно виолетова со тиркизни честички.

Кармин: металик виолетов.

Креон: темно син.

Бои кои треба да ги избегнувате: Конвенционални бои. Користете мешавина од две или повеќе бои

РИБИ

ribiЕдна од најубавите нијанси им припаѓа токму на рибите, а тоа е модро зелената. Модро зелената боја е синоним за балансирање на внатрешниот и надворешниот свет. Поттикнува доверба и ве тера да ги барате квалитетите кај секоја личност.
Ако оваа боја ја нанесете на вашите очи ќе ја зголемите довербата во својата психичка способност.

Боја: аква марин, црна, зелена, виолетова, темно сина.

Руменило: розова боја со виолетова нијанса.

Сенка за очи: темно зелена со сребрени честички.

Кармин: се што свети.

Креон: темно сребрен.

Бои кои треба да ги избегнувате: црвена.

1 2 3

Прегледи:
1124
Објавено на:
09.03.2016