Категории

Како да станете подобар фотограф?

Фотографија е популарна и креативна занимација, особено денес, кога речиси секој од нас има добар мобилен телефон со квалитетна камера. За да станете добар фотограф потребна е вежба, упорност, желба и секако талент. Ова се неколку совети како да станете подобар фотограф, ако не сте професионалец.

Фотографирајте секој ден

Започнете со фотографирање од сабајле. Фотографијата може да биде убава и интересна кога е сончево и кога е облачно, односно кога врне. Тестирајте, вежбајте и видете ја разликата во светлината, па изберете го најдоброто време за фотографирање.

Истражувајте

Читајте ги советите кои ќе ги најдете на Интернет или купете специјализирано списание или книга за фотографија. Истражите ги можностите кои ги нуди вашта камера. Забележете ја разликата во опциите.

Поставете ја сцената

За ова ќе ви бидат потребни минута-две. Малите детали прават голема разлика, не брзајте и најдете го идеалниот агол.

Бидете поразлични

Користете предмети за документирање на патувањето. На пример, земете играчка која можете да ја сликате на разни локации додека патувате. Ова е поинтересно од селфи.

Прегледи:
453
Објавено на:
01.11.2018