Категории

Како да заблескате без разлика каде одите

Благодарение на правилно вклопените парчиња облека можете секогаш да изгледате како милион долари.

Комбинирајте внимателно и вашата облека ќе изгледа многу поскапо од што сте ја платиле…

Џинс

Иако фармерките својата кариера ја започнале како облека за работници, сега се совршена основа за комбинација која делува луксузно.

Клучот е да ги комбинирате со фини материјали како на пример свилата и впечатливи принтови. Верувајте сите ќе се вртат по вас.

Геометрија

Ако на училиште не ви одеше геометријата со малку вежба можете да го совладате овој тренд. Не се плашете од вклопување на хоризонтални и вертикални риги ниту бои. Водете сметка само облеката да ви биде добро испеглана.

Midi сукна

Ова парче ги покрива скоро сите ситуации, од преку ден на работа па се до коктел со пријателките.
Водете сметка за вклопување на формата, силуетата нека ви биде складна и не претерувајте со деталите. Едноставни сандали на штикла ќе ви ја дадат потребната доза на стил.

Струкирано елече

Ова е еден одличен трик кога сакате да изгледате елегантно и скапо. Добро скроено елече или мантил во кимоно стил во секунда ќе го претвори вашиот стил од просечен во фантастичен. Додадете тенок каиш на струкот и подготвена сте да го освоите светот.

Ново одело

Доброто женско одело е неопходно во гардеробата. Оваа пролет пристигнува во поинаква форма, сакото е тесно, ногавиците се долги.

Иделано се комбинира со сандали и салонки. Помалку деловно повеќе шик.

Прегледи:
485
Објавено на:
13.05.2016