Категории

Како да започнете сериозен разговор со детето?

Дали некогаш сте се соочиле со незгодните моменти кога вашето дете ве прашува за работи што се однесуваат на возрасните? Дури и родителите, кои веруваат дека можат да разговараат за какви било теми со децата, ќе застанат кога детето ќе им постави такво прашање. Кога се работи за овие разговори, многу е важно да им овозможите вистински одговор и тоа во согласност со нивните години. Еве неколку совети што треба да ги запаметите кога со вашите деца водите разговори за возрасни.

Бидете јасни

Многу е важно да бидете јасни и прецизни додека ги пренесувате информациите за возрасни. Ако ги оставите децата збунети, постојат поголеми можности тие тоа да се обидат да го сфатат од други извори. Ако ви поставуваат прашања, дајте им го точниот одговор, но на едноставен начин што може да ги увери.

Не пропуштајте ги одговорите

Ако вашето дете има какво било двоумење кога станува збор за овие работи, не преминувајте преку тоа така што нема да му одговорите. Тоа е една од најголемите грешки, бидејќи еднаш кога ќе почувствувате непријатност за ваков разговор, тие ќе се обидат да дознаат сè што ги интересира од други извори. Тоа може да ги доведе до погрешни информации што подоцна може да ги зголеми вашите проблеми.

Размислете за детската возраст

Возрасните разговори треба да се прават само во склад со возраста на вашето дете. Треба да користите едноставен јазик за на вашето дете да му ги пренесете сите информации. Морате да ја имате предвид возраста на вашето дете кога ќе започнете ваков разговор. На повозрасните деца им требаат поспецифични и појасни информации.

Размислете за полот на детето

Кога разговарате на овие теми, уште една работа што треба да ја имате предвид е полот на детето. Девојчињата треба да знаат сè за деталите за својот месечен циклус, дури и пред да со соочат со тоа за првпат. Исто така, момчето треба да знае сè за неговите телесни промени.

Што е добро, а што не е

Вашето дете треба да биде во состојба што е добро, а што не е. Треба да го подготвите на тоа, бидејќи на тој начин ќе може да избегне злоставување од кој било вид, од страна на другите. Тоа ќе им помогне на децата да препознаат и да пријават какво било „чувствително“ однесување од другите.

Прегледи:
431
Објавено на:
05.04.2017