Категории

Како да заслужите почит?

Ова се неколку едноставни начини на кои ќе заслужите почит.

Давајте повеќе отколку што добивате. Покажете почит за да ви покажат почит.
Почитувајте се себеси. Почитта произлегува од вас.
Почитувајте ги луѓето околу вас.
Имајте интегритет. Ова е основа на заслуженото почитување.
Одржувајте ги ветувањата.
Почитувајте ги чувствата на другите. Нивните чувства се исто толку важни колку и вашите.
Секогаш бидете искрени.
Инвестирајте време во она што е важно.
Не критикувајте. Избегнувајте површни осудувања.
Живејте според вашите вредности.
Бидете оригинални. Живејте го животот според сопствените услови и живејте го смело.
Бидете благодарни. Највисоката почит ја заслужуваат луѓето кои се способни да изразат благодарност, конкретно и позитивно.
Борете се за она што ви е важно.
Дефинирајте ги вашите приоритети.
Бидете достапни. Без оглед на вашата позиција, секогаш можете да бидете колегијални и љубезни кон луѓето.
Инспирирајте. Луѓето кои заслужуваат најголема почит, обично се оние што ги охрабруваат другите да прават одлични работи.
Бидете точни. Покажете дека ги почитувате другите и нивното време.
Кажувајте го она што го мислите.

Прегледи:
553
Објавено на:
27.11.2018