Категории

Како ги проценуваме луѓето кои ги запознаваме?

Во првите неколку секунди по запознавањето може да се донесе реална проценка за личноста која стои пред вас

Стручњаците велат дека првите неколку секунди по запознавањето, може да се донесе реална проценка дали некому можете да верувате, се одлучува во десеттина секунди, покажуваат истражувањата од Prinston. Истражувачите прашале група студенти да одлучат што гледаат на лицето на глумците – привлечност, симпатичност, доверба, компетентност и агресивност.
Испитаниците се одлучиле единствено за довербата во истиот момент без размислување.

Машката сексуална ориентација се „чита“ за помалку од една секунда, односно за толку време колку е потребно свесно да се препознае нечие лице. Британското истражување отишло и чекор напред во тоа да заклучи дали жената со видлива тетоважа е доживувана како помалку привлечна, промискуитетна и склона кон конзумирање на алкохол.

Посматраме не само како некој изгледа, туку и како оди. Личностите со опуштено одење, најчесто се доживувани како отворени и склони кон авантури, додека краткиот отсечен чекор укажува на невротичност, истакнуваат од универзитетот Duram.

Прегледи:
616
Објавено на:
01.10.2019