Категории

Како изгледа човечкото тело после 55 часа поминати во вода

Холанѓанинот Мартин ван дер Веиден од мал покажувал склоност кон пливањето. Сепак, пред да започне неговата професионална кариера, Мартин како 19-годишник се соочил со тежок животен предизвик – му бил откриен рак.

Докторите му давале мали шанси за преживување. Мартин сите ги демантирал. Не само што ја победил болеста, туку и две години од дијагнозата повторно почнал да плива.

Во 2008 година освои златен медал на Олимпијадата во Пекинг.

Неодамна Мартин за себе си постави цел да исплива 200 километри. Желбата на пливачот беше да се соберат сретства кои ќе бидат искористени за истражување на ракот. Проектот е планиран да трае три дена, вклучувајќи време за одмор и спиење.

Мартин за 55 часа успеа да исплива 163 километри.
И покрај тоа што не ја оствари својата цел од 200 километри, кампањата беше успешна – пливачот успеа да собери преку 4 милиони долари.

Она што на сите им привлече внимание беше изгледот на телото на Мартин после пливањето.

Прегледи:
656
Објавено на:
24.10.2020