Поучна приказна за најубавата жена на светот..
Еднаш една група мажи се расправале на темата Како изгледа најубавата жена на светот.
Еден сакал огнено-црвени, со очи во боја на јаглен и со жесток поглед.
Друг сакал сиво-сини ичи, бескрајно длабоки како небо.
На третиот пак му биле најдраги оние со кафеави очи, топли и насмеани. А за коса, еден велел дека најубави се жените со кратка коса, другиот тврдел дека најубави се тие со долга, која паѓа до петиците. Едниот се воодушевувал од тие со високо и величенствено држење, додека другиот сакал мали, со нежни и елегантни фигури.
И секој од нив сметал дека неговото мислење и неговиот опис е најточен и не престанал да ги убедува оние другите за исправноста на својот суд. Откако сфатиле дека не можат да стигнат до заедничка согласност, конечно решиле да одат кај еден мудар човек и да го слушнат неговото мислење.
„Почнавме да разговараме“, му рекле, „и никако не успеавме да се разбереме. Кажи ни, мудар човеку, која жена е најубавата жена на светот?“
Старецот молкум гледал долго во далечините, и повремено незабележливо се насмевнувал, и најпосле им одговорил: „Онаа која ја сакаш!“