Категории

Како изгледа победничката на „Идол“ што пред 10 години и грабна победата на Ноне

Како фаворит кој бргу ја освои публиката, во 2005 година на регионалното музичко натпреварување „Идол“ велешанката Ноне Неделковска стигна и до самото финале, но победата сепак и припадна на црногорската претставничка Мина Лаличиќ.

Иако и беше ветено и песна и цел албум, победничката се врати во родната Црна Гора со празни раце. Телевизијата „БК“, која требаше тоа да го обезбеди, никогаш не го стори.

[youtube url=”https://www.youtube.com/watch?v=I85FHCKL1Z4″ width=”500″ height=”300″]

Додека Ноне неколку години ја освојуваше македонската сцена, регионот веќе никогаш повеќе не слушна за Мина Лаличиќ.

Црногорката заврши Правен факултет во Подгорица и денес работи како дипломиран правник во странска компанија во Свети Стефан.

 

 
Прегледи:
584
Објавено на:
31.10.2016