Категории

Како изгледа приказната за „првиот впечаток“ низ бројки…

Дека првиот впечаток е најважен, не е никаква тајна. Не е тајна ни дека првиот впечаток многу бавно се менува – може да се промени, секако, и тоа во толкава мера за да стекнете драстична слика за некој за кој сте го мислеле сосема спротивното.

Сепак, за да се случи тоа потребно е да помине многу време и многу подобро да ја запознаете личноста за да ви се смени првиот впечаток за неа. Еве вака изгледа приказната за „првиот впечаток“ низ бројки…

Во љубов на прв поглед веруваат 43% од луѓето. Некои од нив го искусиле тоа што го нарекуваат љубов на прв поглед, а некои не. Сепак, дури половината од човештвото верува дека љубов на прв поглед постои.

Дури 85% од луѓето тврдат дека по првиот состанок знаат дали сакаат подобро да ја запознаат личноста со која излегле. 

Статистиките покажуваат дека впечатокот за новиот партнер се стекнува за три секунди. Затоа внимавајте каков впечаток оставате! Мала помош: задолжително насмевнете се кога се запознавате со некого. 42% од луѓето сметаат дека за добар впечаток најважна е насмевката.

Накусо: иако првиот впечаток може многу и да излаже, тој е сепак многу важен и може да ви одреди дали ќе има шанса да се остави и втор впечаток. Затоа ако мислите дека првиот впечаток кој го оставате е малку блед, тогаш не би било лошо да поработите малку на тоа за да не пропуштите нешто што не сакате да пропуштите.

извор:  www.hybread.mk 

Прегледи:
385
Објавено на:
06.10.2017