Категории

Како изгледа совршената рутина за нега на кожата?

Секој дел е важен, и оној кој веројатно го запоставувате..

Вечерниот ритуал е основа на убавата кожа. Помага на нашата кожа да се опушти и да делува на телото и душата. Најчесто се поврзува со отстранување на шминката и нега на лицето и телото, но пред се, со припрема за следниот ден. Оваа рутина не мора да биде комплицирана, но важно е дека е делотворна.

Отстранување на шминката
Ова е првиот чекор во вечерниот ритуал и истовремено еден од основите правила за нега на кожата. Вистинскиот избор на козметика, ќе ја отстрани не само шминката, туку и нечистотијата од лицето. Одберете козметика погодна за вашиот тип на кожа.

Чистење и пилинг
Темелното чистење и отстранување на мртвите клетни на кожата е важно за сите типови на кожа. Одберете маска за чистење или пилинг прилагоден на вашиот тип. За деликатната и осетлива кожа најдобро е да биде ензимски, а за масната и комбинирана кожа тоа може да биде пилинг со абразивни ситни честички.

Масажа
Покрај пилингот, многу е важна масажата на лицето. Зголемената циркулација на кожата е клучот на младешкиот изглед. За масажа можете да набавите специјални четки.

Хидратација
Адекватната хидратација е чаша вода пред спиење. Тоа е погодно и еколошко решение кое овозможува во секој миг да уживаме во вкусната и здрава вода.

Исхрана и хидратација
Со текот на времето, на кожата склона кон исушување може да и недостигаат хранливи состојки кои се неопходни во одржување на здравиот изглед. Користете богати ноќни креми и хранлив серум.

Очи, врат, деколте
Понекогаш ги забораваме овие места, а тоа е голема грешка затоа што баш таму кожата е најтенка и најфина и најбрзо старее. Секоја вечер нежно масирајте ја кремата околу очите, најдобро е со кружни потези. Кремата нанесете ја и на вратот од долу па нагоре, масирајќи ја кожата.

Прегледи:
599
Објавено на:
23.09.2019