Категории

Како изгледа светот од бајките со потписот на Gucci

Незапирливиот Алесандро Мишел во новата колекција на модната куќа Gucci за пролет/лето 2017 сумира се што неговиот свет го прави посебен. Со помош на илустраторката Џејд Фиш која осмисли неколку мотиви кои се виртуозно вградени во секое парче кое прошета по црвената писта, Алесандро Мишел претстави богата визија на модно лудило.

Драматични дезени и ретро микс кој освојува на прв поглед, колорит кој не враќа во живот после минималистичкиот тренд и палетата nudе нијанси, па се до јакни кои уште денес би ги носеле, се е тоа дел од неговата модна фантазија која освојува. Сите креации погледнете ги во галеријата подолу.

Прегледи:
252
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
23.09.2016