Категории

Како изгледам, колку заработувам, каква љубовна врска имам – НЕ Е ваша работа!

Ти која целиот живот некому нешто му објаснуваш. Ти, која се правдаш, размислуваш, се обидуваш да протумачиш зошто некој рекол така, престани да го правиш тоа!

Зошто го правиш тоа? За која цел? За чие здравје? Не прави го тоа, не мораш!
Дури и кога ќе те стават во ситуација да се објаснуваш себеси, застани и исправи се, кажи не, извлечи се!
Едноставно – немој. Не си должна никому да му ги правдаш твоите постапки, избори и одлуки.
Не си должна никому да му се објаснуваш себеси.
Зошто го работиш тоа што го работиш, зошто не работиш, зошто земаш толкава плата, зошто не земаш никаква плата, зошто не си се омажила, зошто немаш деца, зошто имаш вишок килограми.. – ништо од тоа не ги допира нив, не треба да го знаат, не треба да го прашуваат.

Нека не се хранат од твојата енергија, не дозволувај им.
Кога ќе се нахранат и ќе им стане полесно, ти ќе останеш празна, затоа што си им давала премногу, а ти ќе останеш сува и ќе се распаднеш, затоа што ја исцицале сета живост од тебе.

Немој да се браниш. Насочи ја енергијата на други нешта, нешта од кои ќе имаш корист. Луѓето само на тој начин се обидуваат да избегнат од својата празнина, од својата ограниченост и простотија.
Никому не му должиш објаснување, освен на себеси. Не му должиш нити на партнерот.
Секоја жена има право да живее онака како што сака, онака како што таа самата ќе избере, и тоа не ничија работа!

Прегледи:
584
Објавено на:
17.02.2020