Категории

Како Изреал стана нација на стартапи? Сеавус Инкубатор ја носи израелската стартап сцена во Скопје

Сеавус Инкубатор ве поканува на настанот „Како Изреал стана нација на стартапи“. Настанот ќе се оддржи во среда, 26 април, со почеток од 18 часот, во просторите на Сеавус. Целта на настанот е да ја запознае македонската иноваторска и стартaп публика со израелското економско чудо.

За релативно мала земја, со малку природни ресурси, Израел успеа да создаде најмногу компании регистрирани на NASDAQ берзата и да изгради вибрантен стартап и иновациски еко-систем, на кој може да подзавидат и поголеми земји. На овие прашања ќе се дискутира на отворена дебата со двајца двигатели на промените во израелската стартап и иноваторска сфера, г. Михаил Мизрахи, директор на еден од најголемите акцелератори во Израел, AtoBe, и г. Ханан Бранд, ко-основач и партнер во Корнерстоун Вентурс, израелско-американски фонд на ризичен капитал.

Настанот е организиран во соработка со Швајцарската програма за претприемништво, која е поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact. Влезот е бесплатен, но потрена е претходна регистрација на Еventbrite. Повеќе информации на Facebook страната на Сеавус Инкубатор.  Сеавус Инкубатор е мултифункционален простор кој е посветен на поддршка на претприемачи, дигитални уметници и онлајн медиуми. Во инкубаторот се менторираат идеи, се обезбедува инфраструктура, ресурси и пристап до финансии за идните успешни стартапи. Сеавус Инкубатор е најголемиот општествено одговорен проект на Сеавус, интернационална компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Сеавус брои преку 650+ ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.