Категории

Како Лавот може да стане подобар партнер во врската?

Лавот сака да ја заврши целата работа сам и сè да зависи од него.

Но, какви сте во врската и што треба да промените кај себе – дознајте во продолжение.

Сакате да бидете шеф во сè што правите, така да играњето на таа улога во вашата врска доаѓа природно. Вие ја преземате целата иницијатива, ги донесувате сите одлуки, па дури и ги правите и сите планови. Не ви пречи ништо од тоа, се додека чувствувате дека ви се поклонуваат. Но, вашиот партнерот е многу уморен од чувството дека постојано се грижите за него. Мора да признаете дека имате проблем со самоконтролата. Овозможете му на вашиот партнер слободно да учествува и понекогаш да преземе иницијатива. Престанете да ја наметнувате својата волја и за работи што не ве засегаат. Донесувајте одлуки само за себе и работете ја само својата работа.

Станувате љубоморни и сакате премногу да контролирате кога ќе забележите дека светот на вашиот партнер не се врти околу вас. Мора да прифатите дека понекогаш вниманието и фокусот на вашиот партнер ќе бидат насочени и кон друго место, но тоа не значи дека тој не ве сака. Престанете да бидете себични. Бидете горди и поддржувајте ги достигнувањата на вашиот партнер. Не се откажуватеј веднаш кога ќе се почувствувате дека сте игнорирани или занемарени. Прифатете го фактот дека секогаш нема да бидете приоритет број еден. Исто така, треба да научите да ги споделувате вашите радости со вашиот партнер. Треба да вклучите реципроцитет во вашата врска. Покажете му на партнерот дека го поддржувате и престанете да се чувствувате како сенка кога тој има свој момент на слава.

Вие живеете во свет на фантазија затоа што сте заљубени во идејата за љубов. Вие не ја разбирате неволјата затоа што верувате дека љубовта треба да биде само природна. Мислите дека хармоничен однос треба да се случи сам по себе, но не сте во право. Треба да се потрудите врската да успее. Понекогаш тоа значи да го слушате вашиот партнер и да направите да се чувствува слободен и да му дозволите да се бори за себе.

 

Научете да простите и да заборавите. Не дозволувајте вашето его да ја контролира волјата во врската. Престанете да го обвинувате партнерот кога сте вознемирени. Наместо тоа, рационализирајте и не секогаш водете се од чувствата.

Прегледи:
521
Објавено на:
13.01.2020