Категории

Како митот за „вистинската личност“ ви ја уништува врската

Откријте зошто верувањето во митот за „совршениот“ е штетно за вас..

Овој поглед кон љубовта е нездрав затоа што луѓето со такви верувања мислат дека добрите особини и добрите нешта едноставно се случуваат, а всушност тие бараат многу работа и труд. Не постои совршена особа ни совршена врска. Секој однос има свои успони и падови.
Уверувањата дека постои една единствена вистинска особа за вас се погрешни и тие можат да предизвикаат да си ја упропастите добрата врска затоа што можете да пронаоѓате проблеми во таа врска и да ја обвинувате другата особа дека е виновна за се што се случува. Кога ќе запознаете некоја личност за неа сметате дека е совршена но со текот на времето сфаќате дека тоа не е така, и најдобро е да се помирите со фактот дека совршена личност не постои.

Станувате опседнати со критериумите
Дали има плочки на стомакот и совршени зелени очи? Дали студира право или економија? Дали слуша „вистинска“ музика? Ако мислите дека тие се критериумите според кои ќе ја пронајдете вистинската личност, време е да се разбудите. Запрашајте се дали би останал покрај вас во тешка ситуација и дали умее да ве насмее, и се ќе ви биде јасно.

Дури и ако успеете да пронајдете некој кој ги исполнува сите ваши посакувања, визијата дека пости „вистинскиот“ се темели на филмовите и сериите во кои љубовта е едно од две состојби – потполна екстаза или потполна агонија. Во реалниот живот тоа не е така. Вистинската љубов е и екстаза и агонија и досада. Вистинската љубов е се!