Категории

Како на прв поглед да проверите дали ќе биде очаен во сексот?

Уреден е, косата му е средена, секое влакно на свое место. Кошулата совршено испеглана, нема нитуедна заноктица и  се нервира кога и малку кал ќе му се најде на кондурата. Со еден збор тој е перфекционист и тоа ти се допаѓа – се додека не завршите во кревет.

Лоша вест за мажите перфекционисти. Научниците докажале дека токму особина се одразува на сексот и  заклучиле дека наместо  совршена изведба, партнерот  ситничар добива анксиозна девојка со недостаток на самодоверба, која со текот на времето станува прилилно незаинтересирана за љубовни пикантерии и склона е да ги одложува со добро познати изговори, како главоболка, обврска и исцрпеност.

Исто така, жените кои од партнерот очекуваат повеќе Казанова, најверојатно ќе бидат незадоволни бидејќи мажот  под притисок често  потфрла. Од друга страна пак дамите кои  себе си си поставуваат високи стандарди кога се работи за сексуалниот чин, имаат  поголема желбаза водење љубов и полесно се возбудуваат. Но, склони се да се обвинат себе доколку нешто  тргне на лошо.

И затоа, психолозите советуваат, наместо да замислувате како  треба да изгледа еден совршен сексуален чин  препуштете се во уживањето бидејќи тоа е сигурен пат за добар па и совршен  секс.

Извор : brkajrabota.mk

Прегледи:
284
Ознаки:
· ·
Објавено на:
17.12.2016