Категории

Како наједноставно да се ослободите од болката и стресот?

Живеењето во стресна состојба се повеќе претставува секојдневие за секој од нас. Оваа состојба предизвикана од многубројни фактори, понатаму се одразува врз организмот и го зголемува нивото на стрес кај мускулите.

Она што му е потребно на нашето тело за да се врати во нормална функција е состојба на рамнотежа преку автономниот нервен систем. За да дојде до тоа, на телото му е потребно многу повеќе од актуелните рутински масажи и третмани. За рестартирање на телото и олеснување на многу акутни и хронични заболување потребна е примена на “Bowen” техниката.

Што претставува “Bowen” техниката?

Оваа техника e динамичен систем на терапија на сврзните ткива и мускулите која ја има развиено Том Бовен во Австралија која се нарекува и “хомеопатија на телото”. Преку мали одмерени движења на телото го стимулира и го поттикнува да започне процес на самоизлекување.


Најголемите искривувања на ‘рбетот и телото се добиваат преку неправилна функција на двата мускули на вилицата односно проблеми со темпоромандибуларниот (долновиличниот зглоб). Поради овој проблем се јавува зуење во ушите, проблеми во дишењето, губење свест и други состојби кои може да добијат погрешна дијагноза доколку не се направи испитувањето наречено електромиографија. Овој софтвер во нашиот регион е достапен единствено во Поликлиника ДентаЕС, а врз основа на добиените резултати се прави план за терпија за понатамошно лекување. “Bowen” техниката честопати доведува до олеснување кај многу специфични повреди и здравствени проблеми и акутни и хронични заболувања.

Bowen терапевтот испраќа сигнали до нервниот систем на специфични локации (на мускулите, тетивите, лигаментите, нервите), а останатиот дел го завршува телото само реагирајќи во сопствени временски интервали колку што е во состојба. “Bowen” техниката може да се применува кај лица на секоја возраст (од бебиња до постари лица) во секоја фаза на болеста.

Каде е достапна “Bowen” техниката?

Оваа револуционерна медицинска дисциплина е достапна и кај нас во Поликлиника ДентаЕС, а поради неверојатните резултати и големите придобивки од сеансите станува се поактуелна нудејќи трајни решенија за одредени проблеми кај пациентите. Во текот на сеансата пациентите честопати бргу поминуваат во состојба на длабока релаксација или се успиваат, а неретко се слуша и гласна перисталтика на цревата. “Bowen” сеансите траат од 15 до 45 минути.

Пациентот обично лежи на стол за масажа или кревет или седи во столица доколку е потребно поради комфорт. На сеансите кои телото го доведуваат во состојба на рамнотежа прво се третира долниот дел на грбот потоа горниот дел на грбот, а потоа вратот и главата. Помеѓу серијата на движења кои ги прави терапевтот се прави пауза од неколку минути кои се неопходни за телото да започне да реагира. Кога нервниот систем ќе почне да го намалува нивото на стрес во мускулите пациентот е спремен за следните движења.

Кои проблеми ги решава “Bowen” техниката?

Оваа развиена техника влијае врз мускулно – скелетните проблеми како што се: болки во грбот, вратот, рамењата, колковите, колената, скочниот зглоб, дисфунција и болки во темпоромандибуларниот зглоб ( долно виличниот зглоб ). Исто така ги решава проблемите со внатрешните органи: астма, бронхитис, синузитис, грчеви, проблеми со бубрезите, задржување на вода и токсини во телото. Други состојби врз кои влијае се: синдром на хроничен замор, стрес, депресија, вртоглавица, проблеми со рамнотежата.

Доколку се соочувате со некој од наведените проблеми, почувствувајте ги благодетите на “Bowen” техниката и спречете го навреме настанатиот здравствен проблем. Нашиот физиотерапевт за став на тело, дисфункција на ТМЗ и “Bowen” терапија во Поликлиника ДентаЕС ви стои на располагање за враќање на балансот во вашиот организам и лечење на веќе настанатите проблеми, бидејќи докторите спасуваат животи, но физиотерапевтите го прават животот вреден за живеење.

Прегледи:
1034
Објавено на:
13.11.2017