Категории

Како настанал „медениот месец“ кој младенците со нетрпение го очекуваат?

Дали сте знаеле дека овој назив датира уште од Месопотамија, поточно од градот Вавилон?

Во Вавилон постоел обичај месец дена после венчавката, таткото на невестата да го снабдува својот зет со онолку медовина колку што овој можел да испие.

Медовината иначе е пиво од мед. Бидејќи Вавилонците користеле лунеарен календар, овој месец се нарекувал „месецот на медот“.
Од тогаш всушност потекнува и називот „меден месец“.

Во источна Европа на пијалоците им се припишувале и лековити својства – работниците со нив ги измивале раните а сите ги пиеле за да живеат подолго.

На медовината му се припишувале и афродизијачки својства па новопечените сопружници ги охрабрувале да пијат во што поголеми количини, за да добијат потомство што побрзо.

Прегледи:
682
Објавено на:
25.11.2020