Категории

КАКО ОД ФРИЛЕНСЕР ДО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 2М ЕВРА ВО СТАРТАП?

Време е за втората наша средба, фриленсерско кафе #2 на 22 февруари (среда) од 18:00 на тема: KAKO ОД ФРИЛЕНСЕР ДО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 2 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СТАРТАП? со Никола Бубевски, Co – Founder & Vice President of Commercial Operations во Native Teams.

По импресиите од првото #ФриленсерскоKафе, кое се одржа во друштво на 120 фриленсери, овој настан се решаваме да премине во месечна традиција. Секоја последна среда од месецот, букирајте ја за фриленсерска дружба со одлични говорници, голем број на ентузијасти и бесплатно кафе од Среќа bar&food.
Линк за резервација на место: https://forms.gle/2wL8kvf4Dj4TRbXx8
Native Teams е глобална fin-tech платформа за плаќања и подмирување на статус вработен поддржана од виртуелен паричник и дебитна картичка којашто помага при работата на секој фриленсер, вработените од далечина и компаниите или 4 во 1 – персонална фирма, банка, книговодител и интернационален пријател кој помага во патување и визи. Се што му е потребно во деловното функционирање на еден фриленсер.
Платформата е веќе достапна во над 40+ држави во светот и на неа во моментов работат преку 70 луѓе. Никола е задолжен за водење на стратегиски глобални операции на компанијата, води интернационален тим кој нуди локална поддршка за компании и фриленсери кои работат глобално, а воедно и е еден од основачите на компанијата во Македонија – местото кадешто започнува приказната на Native Teams.
Ве очекуваме на нова дружба!
Поради големиот интерес, ве молиме направете резервација на вашето место. Со секоја резервација следува бесплатно кафе.
Овој настан е во организација на Startup Club Skopje, креиран во соработка и поддршка на Impact Foundation како дел од проектот RECONOMY – регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sidа), имплементирана од Helvetas Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.
Прегледи:
1208
Објавено на:
20.02.2023