Категории

Како откажувањето од цигарите му влијае на вашето тело?

Можеби имате приметено дека терасата или надворешниот дел наменет за пушачи изгледа прилично попразно овие неколку дена на вашето работно место. Иако има луѓе, сепак тие не се надвор. Зошто?

Причината за тоа се секако, новогодишните цели што луѓето си ги поставуваат на почетокот на секоја година со цел да бидат подобри. Токму откажувањето од цигарите е прва на списокот на милиони луѓе ширум светот.

smoking-study

Иако за сезонски пушач ова би изгледало како најголемиот предизвик кој би можел да го реализира, всушност ќе го промени своето мислење за само неколку недели. Доколку сте љубопитни за да ја видите трансформацијата низ која поминува човековото тело после одредено време без никотин, продолжете со читање.

tumblr_n1kn3j0hij1sgaq12o1_500_1444997748

20 минути

После 20 минути, вашето тело почнува со обновување од последната внесена доза на никотин. Крвниот прититок и срцев ритам се враќаат во нивните нормални граници.

8 часа

Ефектите од никотин почнуваат да излегуваат на виделина. Откако никотинот комплетно го напушта крвотокот, почнува да се враќа желбата за пушење.

24 часа

По изминатиот ден без никотин, вашето тело ќе ги чувствува целосните ефекти од истиот. Посакувањата за никотин ќе бидат големи, а со тоа и нивото на стрес. Ова е најтешкиот дел, поради тоа што се губи мотивацијата во вас за да продолжите со борбата против цигарите, а со тоа и најчестата причина поради која што луѓето продолжуваат со нивната навика.

giphy (1)

2-3 дена

Рецепторите за мирис и вкус почнуваат да се обновуваат, што значи дека вкусувањето храна ќе биде во секој случај повкусно. Од овој момент, вашата желба за никотин ќе биде полоша од било кога.

2-3 недели

До овој момент, вашето тело веќе почнало на природен начин да бара замена за вашата претходна навика, со цел да ги смени ефектите од пушењето. Со тоа, ќе приметите дека е подобрена вашата физичка активност, а со тоа и капацитетот на белите дробови. После две недели, потребата за никотин ќе почне да исчезнува.

giphy (2)

Помеѓу 1-9 месеци

Цилиите, односно малите влакненца во структурата на белите дробови, почнуваат со обновување. Откако истите ќе бидат обновени, тие ќе бидат повторно способни да се борат со инфекциите и соодветно да си ја извршуваат работата.

Една година по откажувањето

После година, ризикот од срцеви и дишни заболувања е намален за половина од оној на пушач.

tumblr_inline_n6lubiqflb1sbo94y-gif

Прегледи:
368
Категории:
Животен стил
Објавено на:
18.01.2017