Категории

Како правилно да ги замрзнувате БОРОВИНКИТЕ и колку долго можете да ги чувате

Чувајте ги правилно за да можете да ги користите за смути, сокови, бројни десерти, но и салати.

Боровинките се нискокалорично овошје и се многу здрави – потенцијално го регулираат нивото на шеќер во крвта и помагаат во здравјето на срцето и мозокот. Се состојат претежно од вода, богати се со јаглехидрати и растителни влакна и содржат мали количини на масти и протеини. Имаат низок гликемиски индекс, па затоа се сметаат за дозволено овошје за дијабетичари.

Бидејќи може да се јадат свежи, но и замрзнати, би било добро да си обезбедите одредена количина што ќе ја поделите на делови и ќе ја чувате во замрзнувач.

Боровинки, вашиот сојузник во борбата против стареењето
Откако ќе се соберат или купат свежи, боровинките може да се складираат кратко во необработена форма. За разлика од повеќето овошја, тие се чуваат само термички обработени или замрзнати, и иако обично се замрзнуваат после миење и сушење, порталот „Mind Body Green“ не препорачува миење на боровинки, бидејќи ја отстранува восочната заштитна надворешна обвивка што го штити овошјето од бактерии и штетници.
Наместо тоа, наредете ги боровинките на плех обложен со хартија и ставете ги во замрзнувач два часа, а потоа спакувајте ги за понатамошно складирање.

Како е најдобро да ги оставите во замрзнувач?
Важно е да се спречи директна изложеност на леден воздух со цел да се намали можноста за „смрзнатини“. Затоа, најдобро е да користите вреќи за замрзнување или херметички контејнери што ќе помогнат да се зачува свежината на боровинките.

Колку долго можете да чувате боровинки во замрзнувач?
Боровинките најдобро се користат во првите шест месеци по замрзнувањето, но исто така можете да ги одмрзнете во рок од десет месеци, само означете ги на сад или торба кога ќе ги замрзнете.

Како да одмрзнете замрзнати боровинки?
Растопете ги бобинки во сад, исплакнете брзо и користете ги веднаш ако ги користите за замрзнати смути од боровинки или оставете ги да отстојат додека не достигнат собна температура, околу еден час.  боровинки ќе бидат меки и совршени за смуди, колачи, пити, палачинки или мафини.

Прегледи:
500
Објавено на:
27.08.2021