Категории

Како се однесуваат хороскопските знаци кои заведуваат

Прочитајте кој е стилот на запознавање, романтиката, љубовните интереси и навиките на хороскопските знаци…

ОВЕН – импулсивно

Врелата крв и страста се главни карактеристики на Овенот. Претставниците на овој знак сакаат романса. Кога е во прашање забавувањето “правила“ или “начин на однесување“ кај креативните и емотивни Овни не функционираат.

Овенот делува одлучно и прилични брзо се вљубува во партнерот.

БИК – традиционално

Биковите ќе изберат задоволство, сензуалност и традиција. Бикот живее за љубовта, па партнерот мора да ги прифати рутинските обврски.
Колку Бикот е подготвен да ја подели својата љубов и страст директно зависи од тоа колку ќе добие за возврат.

БЛИЗНАЦИ –  интелигентно

Забавата и флертот со Близнаците сигурно нема да ви здодеат. За нив најсекси дел од телото е мозокот. Интелигентен разговор и смисла за хумор се нивните главни адути.

РАК – образовано

Желбата да се поврзе со партнерот на емотивно ниво е поизразена од сексуалната. Ако сте во потрага по личност со која сакате сериозна врска тогаш Ракот е за вас.

Претставниците на овој знак не сакаат да си играат со чувствата на другите, а омилена активност со партнерот им е разговор со вечера.

1 2 3

Прегледи:
1143
Објавено на:
16.03.2016