Категории

Како се однесуваат жените кои планираат прекин на врската?

Една наша прекрасна поетеса, Ана Бунтеска, има прекрасна поема која се вика “Да се плашиш од жена која молчи”. А ние се согласуваме со Ана и топло ви препорачуваме да ја прочитате целата нејзина поезија, навистина вреди.

Иако повеќето мажи (чест на прекрасните исклучоци) се убедени дека жените се неверојатно комплицирани суштества и никој не може да ги разбере, нивното однесување е прилично едноставно, доколку некој се потруди да слушне.

А кога долго никој не слушнал, жената веќе знае дека е крај. Еве како и вие да слушнете:

1. Стануваат молчеливи

Било да се работи за разговор во живо или по пораки, одговорите стануваат кратки. Жената веќе е незаинтересирана и мислите веќе ѝ се насочени кон нешто друго. Или некој друг.

2. “Не им е ништо”

Не дека не ѝ е ништо. Само не вреди тебе да ти објаснува по стотти пат.

3. Избегнуваат интимни односи

Да расчистиме, секоја жена знае понекогаш “да ја заболи глава”. Но моменталниот недостаток на мотивација се разликува од крајниот. Кога чуствува дека е крај, жената не сака да го дава ни срцето, но ни телото.

4. Бараат повеќе и повеќе време за себе

Ова значи дека жената не е среќна. Просто како грав.

Прегледи:
315
Ознаки:
·
Објавено на:
28.01.2017