Категории

Како се развива интуицијата: Предвидете ги нештата кои ќе ви се случат

Иако многумина мислат дека се раѓаме со интуицијата, всушност постои начин да научиме како да предвидиме одредени нешта во животот.

Често ја користиме фразата „шесто сетило“ или „интуиција“, а не сме најсигурни дали можат да ни се препишат на нас. Затоа што, лаички знаеме, и мислиме дека тоа е нешто со кое едноставно луѓето се раѓаат или не се раѓаат. Меѓутоа научниците од Њу Орлеанс откриваат дека на тоа може да се работи.
Стручњаците покренаа истражување со кое на испитаници му давале палети со бои. Прашањето за учесниците гласело – која нијанса ја сметаат за нијанса на нивната тага, среќа, здрав, возбуда..
Иструкциите наведувале одговорите да бидат давани во тишина, додека испитаниците ги води внатрешниот глас, затоа што само така им било објаснето дека можат да остварат конекција со себе.

Учесниците на почетокот биле скептични, но потоа се изненадиле кога сфатиле дека секое нивно чувство било навистина обоено. Меѓутоа, никогаш пред тоа не размислувале на тој начин. Врз основа на што, истражувачите заклучиле дека доколку го слушаме внатрешниот глас, ќе знаеме како да се поставиме во животните ситуации па ако сфатиме дека нашата среќа е со црвена боја, ќе се трудиме да ја носиме во особено тешките денови. Додека ќе ја избегнуваме онаа боја која не асоцира на тага.
Стручњаците порачаа дека добар начин за вежбање на интуицијата е секојдневниот утрински тренинг – присетување на своите соништа, со чиј обид можеме преку деталите од нив да дојдеме до сознание за случувањата тој ден. Така со тек на време ќе успееме во тоа да претчувствуваме некои нешта.

Прегледи:
813
Објавено на:
24.09.2019