Категории

Како се штеди за кризни времиња?

Ако сакате да направите план како да ги потрошите парите и како да го менаџирате домашниот буџет, водете дневник. Ако редовно водите дневник, многу брзо ќе се изненадите колку неплански трошите, посебно на „глупости“ и мали работи. Водење дневник помага да се направи скица кога најмногу трошите пари, кога стигнуваат сметките, ратите…, а со тоа ќе ви се отворат можности да видите од каде можете да земете и да тргнете на страна.

За оние кои неконтролирано трошат, најдобар решение е „кеш систем“. Во овој систем на пликоа залепете налепници со намена, на пример, сметки, храна, облека, бензин, излегување… и во нив ставете пари предвидени да ги потрошите тој месец. Кога ќе дојде време да се плати сметката, земете го соодветното плико. На крај на месецот треба да ви останат пари кои се заштедени.

Во ерата на модерните технологии, можно е и онлајн штедење. Преку својот интеренет налог што го добивате од банка можете постојано да контролирате на што месечно трошите, можете да ги плаќате сметките. А кога ќе се определите за овој вид плаќање, тогаш во игра се само картиците. Исто така постои и можност да користите и софтверска програма кој ќе ви помогне да управувате со парите. Но овој систем има една маана, а тоа се откривање на вашите финансиски податоци, секако ако некој успее да го хакира.

Прегледи:
439
Ознаки:
· ·
Објавено на:
07.02.2017