Категории

Како се создава култното „Диор“ сако

“ Бар сакото е едно од легендарните модни парчиња што доаѓаат од модната куќа „Диор“, осмислени од самиот Кристијан Диор во 1947 година, во рамки на првата колекција за висока мода.

Низ годините оваа креација беше инспирација за нови кроеви, облици и комбинации. Во видеото што имате можност да го видите, а кое брендот вчера го постави на својот „Јутјуб“ канал се гледа во што е тајната на неговата популарност.

Имено, тенката половина е дополнително нагласена со перничињата што кројачите ги вметнуваат во долниот дел од сакото.

Токму така беше и во најновата колекција за висока мода на модната куќа што ја презентираше на почетокот на месецов. Поточно, се работи за модел инспириран со ова „Бар“ сако – црна јакна со златни апликации во форма на цветови и листови.

https://www.youtube.com/watch?v=Ie-Co8d4raw

Прегледи:
406
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
16.07.2016