Денес е нов ден во кој продолжувате да го градите животот од вашите соништа, чекор по чекор. Инспиративните пораки, поточно манифестациите на денот, ви помагаат да останете мотивирани на вашиот пат – одвојте момент да се потопите во нив.
Нашето срце копнее по љубов, но умот инсистира дека вистинската љубов не постои и ние сме во конфликт со самите себе. Како едниот дел од нас да вика: „Да, заслужувам добра врска!“ А другиот не попушта: „Никогаш нема да ја најдам својата сродна душа“. Кога нашите верувања се во конфликт со нашите желби, постои внатрешен конфликт кој не само што не спречува да направиме нешто, туку поради тоа не можеме навистина да ги препознаеме можностите за љубов што постојат насекаде околу нас.
Универзалниот закон за привлекување вели дека ние ги привлекуваме кон себе оние луѓе, настани и околности кои одговараат на нашата внатрешна состојба. Со други зборови, ние привлекуваме искуства според нашите верувања. Затоа, ако сте свесни и ако цврсто верувате дека вашата сродна душа мора да постои некаде, ова е клучен прв чекор во формулата за постигнување среќна врска.